01/12/2022
spot_img
домаАвто ВестиПрвиот кросовер на Polestar

Првиот кросовер на Polestar

Шведскиот старт ап, Polestar, го исфрли првиот електричен кросовер во својата гама – Polestar 3.

Aко првиот модел во гамата – Polestar 2, електричен седан, го содржеше препознатливиот ДНК материјал од партнерскиот Volvo, новиот кросовер е автомобил со комплетна развојна приказна на компанијата која претендира да и конкурира на Американската Tesla.

Впрочем, од Polestar очекуваат моделот најмногу (околу 30% од вкупната светска продажба) да се продава токму на Американскиот пазар.

Очекувањата на производителот се дека во следната година ќе бидат продадени 24.000 автомобили, а веќе в 2024 година – 67.000 единици.

На почетокот, моделот ќе започне да се произведува во Кина, но за Американскиот пазар е предвидено отварање на погон во САД во 2024 година.

Промовираниот модел ќе има два мотори со автономија во возењето од околу 430 километри.

Производството започнува со мотор со сила од 483 коњски сили, со опционален Перформанс пакет кој може да додаде уште 27 коњски сили.

Батеријата е изградена од 204 призмични ќелии, спакувани во 17 модули, со вкупна корисна енергија од 107 kw/h.

Во луксузниот модел е вградена и многу безбедносна и комфорна опрема, со која ќе се конкурира на електричните европски модели од високата класа.

претходниот член,
Следната статија
- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...