01/12/2022
spot_img
домаАвто ЕкспертиПрвата обука за дијагностика на возила од BOSCH во полн тек

Првата обука за дијагностика на возила од BOSCH во полн тек

Компанијата ГББ дооел Скопје, овластен партнер на BOSCH за продажба на сервисната опрема (дијагностички инструменти, опрема за сервисирање на клима уреди, опрема за акумулатори, oпрема за тестирање и поправка на инјектори, опрема за калибрирање на напредни безбедносни системи…) и спроведување на специјалистички авто тренинзи, ја започна дводневната обука на BOSCH за дијагностицирање на модерните автомобили во Македонија.

Обуката се одржува во два тренинг дена (18-19.10.2022) во новиот Bosch Car Service – AСТРА МС во населбата Бутел во Скопје и претставува комбинација на теоретски и практичен дел, во кој учесниците имаат можност да решаваат реални проблеми.

Тренингот го спроведува сертифициран и овластен тренер на BOSCH кој по завршувањето ќе им подели и меѓународно признати сертификати на учесниците во обуката од нашата земја.

Интересот за обуката во Македонија беше огромен, а листата на кандидати затворена 10-на дена пред официјалното одржување на истата.

– “Ова е уште една потврда дека нашите сервисери, механичари и електроничари сакаат да учат и да останат во тек со најновите трендови во автомобилската индустрија.” – изјави м-р Зоран Дочински, генерален директор на ГББ. “- Преку стратешката соработка со Германскиот супербренд BOSCH, се обидуваме да им помогнеме на нашите авто експерти, кои во недостаток на тренинзи од овој тип дома, мораат да патуваат надвор од државата и притоа да направат неколкукратно поголеми трошоци за патување и сместување, како и подолго време да отсуствуваат од своите работни места. По овој тренинг, заедно со нашите партнери од BOSCH ќе идентификуваме уште неколку области во авто индустријата за кои постои интерес во нашата земја. Ќе направиме комбинации на онлајн и тренинзи во живо со кои на нашите соработници на пазарот, во ова време на динамични промени во авто индустријата ќе им го понудиме клучното знаење и експертиза без кои станува екстремно тешко да се одржуваат и сервисираат модерните возила. “

Во меѓувреме, од ГББ подготвуваат нови, интересни понуди за опремата на BOSCH, како и атрактивни пакети за финансирање, преку кои сервисите ќе можат да користат врвна, премиум опрема, по достапни цени и услови на купување.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...