Прошетајте низ музејот на OPEL

27
Sammlung Opel Classic

Сакате ли да направите виртуелна прошетка низ музејот на OPEL, во кој се изложени и презентирани детали од 120 годишната историја на Германскиот производител на автомобили?

Сега ја имате таа можност со посета на овој линк.

На прошетката можете да ги посетите тематските тури, како што се “Alternative Drive”, “Rally Racing”, “Roaring Twenties” и “Mobility for Millions”.

Sammlung Opel Classic

На виртуелната тура од 360 степени можете да ги разгледате и класиците на OPEL. Во музејот се сместени околу 600 легендарни модели, кои ја означуваат секоја етапа од развојот на брендот од Раселсхајм.

Ако го сакате брендот, или едноставно сте фан на автомобилите, ве покануваме да издвоите дел од вашето време и од комфорноста на вашиот дом, да го посетите ова интересно и модерно спакувано парче историја.