Промовиран новиот Lamborghini Countach

143

Легендарен, суперспортски, луксузен, огнено скап, а сега и хибриден со моќност од дури 814 коњски сили…

Тоа се во кратки црти, сумираните впечатоци од премиерата на новиот Lamborghini Countach, презентиран на Quail Motorsports Gathering во Калифорнија.

Новиот, хибриден Countach доаѓа на златната, 50 годишнина од лансирањето на истоимениот легендарен модел, перјаница во гамата на спортски автомобили со логото на разјарениот бик на хаубата.

Денес, како што изјави извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, моделот е модерна интерпретација, со чист дизајн, елементи од сите генерации на Countach без оптоварување на автомобилот.

Во презентираниот модел, моторот е поставен Longitudinale Posteriore (на Италијански значи – странично / на бокот од возилото кон неговата задница). Моторот е хибриден со моќност над 800 коњски сили. И погонот е на сите тркала.

Од нула до стотка, новиот Lamborghini, благодарение на седум степената ISR  трансмисија, стигнува за 2,8 секунди.

Структурата на спортскиот автомобил е монококна, за поголема цврстина, аеродинамичност и бебедност, а панелите се од микрофибер влакна.

За ентериерот, нема што да се зборува…

Доволно е само да се видат овие спортски излеани контури, кои се спојуваат во 8,4 инчниот HDMI екран осетлив на допир.

И на крајот, цената од 2,6 милиони долари, значи дека на ова парче автомобилска уметност и понатаму ќе може да му се насладуваат – шеиците, фудбалерите со нови или освежени договори и светските милијардери.