Промотивен часовник на Patek Philippe

151

Patek Philippe е еден од најреномираните производители на луксузни часовници во Швајцарија и во светот. Часовниците на овој премиум часовникар чинат вистинско богатство.

Неодамна, Патек Филип ја промовираше својата нова зграда (производен и деловен комплекс), во предградието на Женева, која започна да се гради во 2015 година и која чинеше околу 630 милиони долари.

Новата зграда на Patek Phillipe во предградието на Женева

Во таа чест, компанијата одлучи да лансира специјална едиција на часовници од серијата Calatrava, кои ќе бидат произведени во лимитирана серија од само 1.000 примероци и ќе чинат 28.350 долари.

Според извори од компанијата, основата на новата зграда има површина на 90 Олимписки базени, а во зградата се употребени 14.000 тони челик – што е еквивалентно на материјал потребен за изградба на две Ајфелови кули.

Богат и луксузен ентериер

Зградата е на пет спрата, а во секој од нив ќе се комплетира по еден од производните процеси на часовниците.

Петиот спрат е резервиран за луксузен ресторан со капацитет од 880 гости, а на него ќе бидат лоцирани и 4 вип лаунџ простории.Часовникот по кој ќе се памети комплетирањето на новото здание на Patek Philippe припаѓа на семејството на свечени часовници Calatrava лансирани во далечната 1932 година. Моделот се одликува со концептот на едноставност Bauhaus, има сиво-сина основа, со сатенски финиш и бели бројки и стрелки. Направен е од нерѓосувачки челик, а во него се вметнати и примеси на розево злато, бело злато, платинум и класично – жолто злато.

Patek Philippe Calatrava Manufacture Edition Ref. 6007A-001

Механизмот, логично, е автоматик – automatic caliber 324 S C. Водоотпорен е до длабочина од 30 метри.

Часовникот доаѓа и со матирано ремче, во сино сива боја (како и телото на часовникот) направено од телешка кожа, која наликува на текстил.