Професионални авто тренинзи со Autodata Training

Реклама

Aко сте сопственик на сервисна работилница, знаете дека еден од најсериозните проблеми во бизнисот е недостатокот на знаења и вештини.

Автомобилите континуирано се развиваат, менуваат, се внесуваат нови системи и технологии… Да не зборуваме и за хибридните и електрични возила кои се револуционерни во сферата на одржувањето и сервисот.

Во оваа професија, едукацијата, тренингот и професионалната надградба се неопходни.

Неопходни за соствениците, менаџерите, сервисерите и специјалистите.

Од тие причини Autodata Training, има лансирано посебна платформа за онлајн учење со која можете да пристапите до стотици онлајн тренинг модули. Тренинзите ви се достапни на интернет, прилагодени за следење на лап топ, таблет или мобилен телефон – во секое време, а можете да учите и да се развивате на следните теми :

  • Eлектрика, шасија, погон, мотори, сервисирање, дијагностика, HVAC, хибриди и електрични возила.

Сите тренинг модули се организирани на начин да почнуваат од основите во одредена област, а подоцна се фокусираат на специфични теми, па и дијагностички проблеми или решенија.

Модулите се организирани во видеа од околу 10 минути.

Сертификати за следена настава

Со следење на наставните модули, студентите добиваат можност да си обезбедат (испринтаат) и специјални сертификати, со име и презиме, кои подоцна може да ги искористат во праксата но и во развој на својата кариера.

По завршување на секој модул, студентите ќе имаат можност да направат и краток тест и ако го положат успешно (80% од одговорите треба да бидат точни), се стекнуваат со персонализиран сертификат за завршена онлајн обука на најпознатата Британска компанија AUTODATA Тraining.

АUTODATA Training е единствената база на знаења во која се внесуваат тренинг модули на речиси секоја втора недела. Со тоа содржината и тренинг часовите се секогаш свежи и со нови материјали и области.

Промотивна цена за месечна претплата

За користење на онлајн базата на обуки, можете да се претплатите на месечно, или на годишно ниво.  А месечната претплата, за услуга од ваков вид е неверојатно поволна и изнесува промотивни 20 евра (1.250 денари).

Само за споредба, овластените дилерства за онлајн и едукација со физичко присуство на своите вработени, на принципалите им плаќаат илјадници евра.

Во Аutodata Training, ја имате можноста, со претходна најава, да направите и пауза во следењето на наставата онлајн, па да се вратите по неколку месеци.

Онлајн наставата е достапна – за компании, сервиси, но и за физички лица (сервисери, експерти, ученици, студенти, ентузијасти…) кои сакаат да се доедуцираат со знаење испорачано од компанијата со врвен професионализам.

Засега тренинзите се достапни само на англиски јазик.

Застапник на Аutodata Training за Македонија е фирмата ГББ дооел Скопје.

Можете да се пријавите на e-mail : info@gbb.mk

Или на тел. 071 30 777 8