Продаден аеродромот во Будимпешта

14

Аеродромот во Будимпешта, Унгарија, е продаден на конзорциумот на фирми – Corvinus Zrt (домашна компанија во државна сопстеност) и на Vinci Airports.

Аеродромот досега беше во сопственост на AviAlliance и на помали акционери, кои се сложија да ја направат трансакцијата.

AviAlliance го откупи аеродромот во 2008 година и во изминатиот период во него инвестираше околу 700 милиони евра. Со тоа се зголеми капацитетот на аеродромот, па од 8,4 милиони патници во 2008 година, порасна речиси двојно на 16,2 милиони во 2019 година.

Во 2023 година, аеродромот постигнал и рекордни 200.000 тони карго превоз.

Според стриот сопстеник AviAlliance, во 2023 година придонесот на аеродромот во Унгарската економија бил фантастични 2,85 милијарди евра, или околу 3% од бруто општествениот производ.

Реклама