Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

954

Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух.

Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот.

Гуми кои нема да се дупнуваат од клинец, и кои нема нерамномерно да ја абат површината, а како резултат на тоа – да се фрлаат и менуваат со нови.

Ова и не е некоја нова приказна.

За идејата да се направат безвоздушни пневматици се зборува подолг временски период. Се вршат најразлични тестирања, а влезот во авто индустријата секоја година се одложува.

Информациите велат дека овој процес досега беше кочен, поради недоволно добрите возни перформанси кои овие гуми без воздух ги испорачувале, особено на повисок брзини.

Посериозно, започна на нивниот развој да работи Michelin кој во соработка со General Motors, ги тестираше во Америка кај моделите на електричен погон.

Michelin на вистинскиот пат

Но… се чини дека овој Француски бренд е најблиску да започне со сериско производство на овие гуми (пневматици).

На саемот во Минхен оваа година, Michelin им го даде своето тест возило опремено со безводушните гуми на двајца јутјубери – Mr. JWW и Gercollector, кои по возењето имаа само позитивни критики (што можете и да го видите во видеото погоре).