Претставен новиот Mercedes-AMG EQS 53 4MATIC+

Реклама

Со новиот Mercedes-AMG EQS 53 4MATIC+, Меrcedes-AMG се придружува на ветриштата на целосно електрифицирано возење.

Моделот е прв, во производната линија на AMG со погон на електрични батерии. поставена на архитектурата на MERCEDES EQ за луксузно, директорско (executive) возило.

Луксузниот седан испорачува моќност до 560 kW.

Во срцето на Mercedes-AMG EQS 53 4MATIC+ е поставен драјв концептот со два мотори.

Моторите се поставени на предната и задна оска со варијабилен AMG Performance 4 Matic All wheel drive (погон на сите тркала) кој оптимално ја распоредува силата на асфалтот.

Во базичната верзија, од 0 до 100 km/h моделот забрзува за 3,8 секунди, а ограничен е на брзина од 220 km/h.

Предност е што моделот има значително пократко време на полнење. Батеријата на станиците за брзо полнење може да се нахрани и да има струја за следните 300 километри за време од само 19 минути.

Секако, новиот Мерцедес-АМГ може да се полни и на домашен, стандарден приклучок за струја.

Нема никакви дилеми дека AMG успеа да издизајнира уште едно ремек дело, кое ја симболизира и идната стратегија на брендот за целосно исфрлање на моторите со внатрешно согорување и префрлање на струја.

За совршено персонализирано возење, кај новиот Mercedes-AMG можете да изберете пет мода на возење – Slippery, Comfort, Sport, Sport + и Individual. Преку модулот AMG DYNAMIC SELECT можете да го изберете идеалниот мод прилагоден на вашите афинитети, моментално расположение и услови на патот.