05/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиПретставен новиот концептен SUV - Mercedes-Maybach EQS

Претставен новиот концептен SUV – Mercedes-Maybach EQS

Koнцептните модели се секогаш одличен патоказ да ги предвидите идните движења, дизајнерски и технолошки потези во рамки на европските и светски автомобилски брендови.

А кога концептен модел ќе лансира и Mercedes-Maybach, притоа наведувајќи дека се работи за сосема нов SUV автомобил на електричен погон кој набргу оди во сериско производство, тоа е вистинско уживање.

SUV концептот ги комбинира модуларната архитектура на луксузните и директорски модели на Mercedes-Benz со ексклузивноста на брендот Maybach кои заедно патуваат во еколошката, со нула загадување, иднина.

Моделот кој според луѓето во Mercedes-Maybach е блиску до реализација, ја поседува јасно препознатливата симболика – го има оној двобоен финиш, а поседува и иновативна погонска технологија која оди чекор понапред во кревањето на филозофијата на брендот.

Во задниот дел, новиот Mercedes-Maybach EQS, благодарение на Директорските седишта и Chauffer пакетот, се претвара во вистинска луксузна канцеларија во која секој би сакал да се најде и работи кога е во движење.

Додадени се и новите луксузни панели во вратите, како и потпирачите за раце кои се направени во форма на странични лизгачки панели.

Овој модел, кој ја одразува иднината на брендот доаѓа на неговата 100 годишнина, па логично е што на сите најситни детали им е посветено максимално внимание.

Како што велат во Mercedes-Maybach, брендот е синоним за луксуз, но сега, имајќи предвид дека и клиентите се менуваат, се менуваат и нивните потреби и афинитети, а се менува и дефиницијата за луксуз.

Новите сопственици на Mercedes-Maybach EQS се сега членови на помладата генерација, дигитално поврзани, кои имаат сериозни очекувања од дигитализацијата во својот автомобил како и од неговиот импакт врз животната средина.

А сетоа тоа, како што вели Брита Сегер, членка на Менаџмент Бордот на Daimler, oдговорна за маркетинг и продажба, го исполнува новиот концептен модел Mercedes-Maybach EQS.

Новиот модел е изведен како апсолутно комфорен, луксузен и модерен апартман во кој патниците имаат можност за максимално уживање и непречена работа.

Централната конзола делува како да лебди од предниот дел (кокпитот) до задните седишта што дава модерен изглед, одлично чувство и му дава дополнителен простор на ентериерот.

Впечатлив е MBUX Hуperscreen (екранот) со специфични елементи на дисплејот карактеристични за Maybach.

Овој закривен екран се протега по целиот кокпит, од едниот до другиот столб и делува како да е споен иако е составен од три големи екрани позиционирани зад закривено стакло што му ја дава и формата на целосно изведен во еден потег дигитален екран.

За поголема безбедност во возењето, во ентериерот е поставена камера која го следи погледот на возачот. Ако сензорите приметат дека возачот го гледа екранот на совозачот (што го зголемува ризикот од сообраќајна незгода) екранот во истиот момент ќе се затемни и повторно ќе му даде можност на возачот да се фокусира на патот.

Адаптивниот софтвер пак во кој е вградена вештачка интелигенција целосно се прилагодува на корисникот кому му дава бројни предлози за инфотејнмент забава, комфор и возењето.

Кога не сето ова ќе ја додадете и комплетната електрифицираност, јасно е во која насока ќе продолжи да се развива Mercedes-Maybach.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...