Ако сте подготвени да запливате во претприемничките води и да отворите сопствен мал бизнис, секогаш е добро да ги разгледате најзначајните статистички податоци.
- Во светот има околу 582 милиони претприемачи. Оваа бројка постојано флуктуира, но се движи во рамките на околу половина милијарда мали, претприемнички компании.
- Малите и средни претприемнички бизниси, опфаќаат околу 90% од вкупната бројка на компании во светот, а вработуваат околу 50% од вкупната бројка на вработени. Овие основни бројки јасно покажуваат зошто државите во светот го стимулираат и помагаат развојот на претприемништвото.
- Според статистиката, секоја година 1 од 12 бизниси ќе биде затворен поради слаба продажба и лоша ликвидност.
- Околу 50% од претприемачките бизниси својата работа ја започнуваат од дома.
- 29% од претприемачите решаваат да отворат бизнис за да си бидат шефови самите на себе. Една од најпопуларните причини зошто луѓето отвораат бизниси е затоа што не биле задоволни на своето работно место и сакале да искористат некоја можност на пазарот или некој своја компетенција.
- 44% од малите бизниси имаат сопственици кои се стари од 39 до 54 години. Во втората по големина група (41%) спаѓаат бејби бумерсите (родени од 1946 до 1964 година).
- Само 69% од малите бизниси останале профитабилни во времето на пандемијата Covid 19.
- 92% од сопствениците на мали бизниси не жалат што отвориле сопствен бизнис. И покрај сите потешкотии, проблеми, стресови и многу работа прекувремено, само 8% од испитаниците изјавиле дека жалат што отвориле сопствен бизнис.