Премиера и на моделот EQE на Mercedes-Benz

Реклама

Веднаш по моделот EQS, Германскиот производител на премиум автомобили на Саемот во Минхен го претстави и моделот EQA, салонски бизнис автомобил на целосно електричен погон.

Глобалното лансирање се очекува да започне во втората половина на следната 2022 година.

Производството ќе биде во Минхен за целиот свет, освен за Кина за која производството на луксузниот автомобил ќе се одвива во Пекинг.

ЕQE е покомпактен од братот EQS, има меѓуоскино растојание кое е за 90 милиметри пократко. Во поглед на комплетната должина,моделот е споредлив со CLS.

Неговиот заден дел е дизајниран како задна хауба споена со прозорецот (нема седански гепек) со зафатнина (волумен) на багажниот простор од 430 литри.

Со едно полнење, според официјалните податоци, возилото може да помине 660 километри.

Навигацијата со планови за електрична интелигенција ги калкулира најбрзите рути, ги препознава станиците за полнење, а се прилагодува и на условите на патот и стилот на возење на возачот.

За автомобилот на располагање се околу 530.000 станици за полнење од кои 200.000 во Европа.

Вистински хит во внатрешноста е МBUX Hyperscreen, голем екран кој се протега помеѓу двата внатрешни столба во ентериерот.

Составен е од три големи екрани кои се покриени и изгледаат како да се споена целина.

Повеќе информации за моделот, можете да добиете на видеото од официјалната премиера на новиот EQE.