30/09/2022
spot_img
домаАвто ВестиПред продажба последните 40 Bugatti Chiron модели

Пред продажба последните 40 Bugatti Chiron модели

Францускиот бренд Bugatti, кој неодамна од рацете на Volkswagen премина кај Хрватскиот претприемач Мате Римац, објави дека во производниот план преостануваат само уште 40 автомобили кои фановите може да ги порачаат и купат од моделот Chiron.

Chiron за прв пат се појави на Саемот во Женева во 2016 година.

Уште тогаш беше најавено дека моделот ќе се произведе во само 500 единици, и според достапната информација, Bugatti не планира никаква промена или зголемување на бројката.

Супер спортскиот автомобил кој од нула до сто километри на час забрзува за замо 2,5 секунди, со 8.0-литарски W-16 мотор и моќност од 1.479 коњски сили полека доаѓа до својот крај.

Bugatti Chiron уште на самиот старт имаше солена цена, која почнуваше од околу 2,6 милиони евра, а со неколкуте специјални серии, меѓу кои највпечатлива беше лимитираната серија на La Voiture Noire (слободен превод – Црниот Автомобил) достигна цена од фантастични 16,1 милиони евра.

Информациите велат дека може да се нарачаат уште само моделите Pur Sport и Super Sport кои чинат од 3,1 до 3,4 милиони евра.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...