01/12/2022
spot_img
домаАвто ВестиПотопените електрични автомобили лесно пламнуваат

Потопените електрични автомобили лесно пламнуваат

Американската држава Флорида е втора по големина зона во која се регистрирани најголем број на електрични возила (минатата година во Флорида се управувале околу 100.000 автомобили на електричен погон).

А кога Флорида ја погоди ураганот Иан кој направи повеќе поплави во кои беа потопени и автомобилите на граѓаните, на виделина излегоа дел од слабостите токму на електричните автомобили.

Џими Патронис, главнио финансиски директор и противпожарен административец, изјави на својот Twitter профил дека голем дел од електричните возила кои биле потопени за време на поплавите, се во сериозен ризик да пламнат и целосно изгорат.

На својот профил тој објави видео од пожарникарите кои се обидуваат да изгаснат Tesla Model X при што се употребени повеќе од 5.500 литри вода.

Според одредени анализи на осигурителните агенции, хибридните возила се поранливи на пожари, но кај електричните возила пожарот тешко се гасне.

Како што изјавува Џими Патронис, овие пожари не може да се гаснат без неопходната обука и целосно разбирање на системите на електричните возила.

Според експертите, ако се запали електрично возило, поради корозијата во ќелиите во батеријата, пожарот и чадењето во случај на опожарување на електрично возило, траат подолго од други возила.

претходниот член,
Следната статија
- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...