Половина од младите живеат со родителите, а со своите заштеди се луксузираат

103

Според официјалните податоци на Американското Биро за Цензус, речиси половина (48%) од младите на возраст од 18 до 29 години во ова време на криза, инфлација и пораст на цените на недвижностите живеат со своите родители.

Но според истата анализа, заштедата не оди во домашниот буџет или банка, туку младите ја користат за – луксузирање.

Според анкетата на Property Management, само 4 од 10 анкетирани на оваа возраст изјавиле дека на своите родители им плаќаат кирија, а истата не била поголема од 500 долари.

А овој податок им доаѓа одличен на производителите на луксузни добра, бидејќи во буџетот на младите се ослободува сериозен дел од приходите кој инаку се троши на секојдневните потреби за домување (кирија, струја, комуналии…)

Како резултат на тоа, производителите на луксузни добра инвестираат сериозни пари во нови продажни кампањи на социјалните мрежи, секојдневно мотивирајќи ги младите да ги потрошат своите заштеди на скапи парчиња облека, чевли, часовници, парфеми…

Според експертите, ова е една од главните причини поради која се забележува сериозен пораст на побарувачката и прометот на луксузни добра.