Планирање

36

Успешните компании се резултат на длабоко и темелно планирање. Не на среќа. За да стигне до својата цел, компанијата и менаџментот треба да ја мапираат патеката и сите точки од патеката до целта.

За да се постигне поставената цел, треба да се идентификуваат, обезбедат и алоцираат основните ресурси (луѓе, време, пари, опрема).

Задачата на менаџерите е да ги постави приоритетите, според нивната важност и итност и потоа да постави временски рок за нивно остварување.

Во процесот, менаџерите треба да постават и систем на мониторинг (проверка) со кој ќе може да мерат и утврдуваат дали се остваруваат поставените цели во предвдените рокови. Сосема е нормално, на патот до целта, да се случат и одредени непредвидени настани. Менаџерите имаат задача да го предвидат и скршнувањето од патеката, како и алтернативните патишта по кои треба да се трген за да се оствари целта.

Планирањето може да биде тактичко и стратешко.

  • Тактичко планирање е она во кое се дефинираат краткорочните цели, во насока на остварување на долгорочните цели на организацијата. Што треба да се направи и постигне сега?
  • Стратешкото планирање дава одговор на прашањето – зошто треба нешто да се направи. Ова планирање се однесува на иднината на организацијата. Каде сака да се постави, кои се нејзините долгорочни цели.
  • Оперативно планирање. Планирање со кое се дефинираат оперативните активности, на дневен план. Одговара на прашањата што треба да се направи и како тоа да се направи.
  • Contingency planning. Планирање кај кое менаџерите треба да понудат и атернативни решенија и насоки, ако се случат одредени несакани настани.