Перутнина Птуј, се продава и сели во Албанија

129

Гигантот од Словенија, Перутнина Птуј, познат по производство на пилешко месо и сувомеснати продукти, според последните информации веројатно ќе се продаде и пресели во Албанија.

Се очекува нов сопственик на словенечкиот гигант да биде БАЛФИН Групација (сопственик и на нашите компании – Нептун и Ист Гејт Мол) која прави заедничко партнерство со Украинската агробизнис компанија MHP.

Перутнина последните неколку години е во континуиран пораст.

Ако во 2018 година, тие продадоа 80.000 тони пилешко месо, лани таа бројка порасна на дури 132.000 тони.

И профитот (EBITDA) пораса за три пати. Ако во 2018 година беше околу 30 милиони евра, лани истата ќе биде околу 90 милиони евра.

Информациите велат дека двата нови сопственици од Албанија и Украина, ќе формираат нова компанија – Perutnina Ptuj Albania sh.p.k. со централа во Албанија, која покрај регионот, планира да го шири својот бизнис и во странство.

Реклама