PDCA Циклус

94
Фото - Freepik

PDCA (Plan-Do-Check-Act) претставува циклус од 4 чекори кои континуирано се повторуваат.

Оваа метода се применува за спроведување на континуирана трансформација (подобрување на квалитетот) и е замислено постојано да се врти и повторува.

Најчесто се употребува за планирање на одредени проекти во организацијата.

Методата, која е за прв пат скицирана во 1920 година, сеуште активно се користи во многу организации за константно подобрување и менување на процесите, а се состои од 4 активности :

  • Plan (Испланирај)
  • Do (Направи)
  • Check (Провери)
  • Act (Делувај)

Овој метод се користи и кај фирмите кои имаат имплементирано систем за менаџмент на квалитетот ISO 9001.

  1. Во првата фаза (Планирај), се дефинира (идентификува) определен проблем кој ја мачи вашата организација и сакате да го решите. Со вашиот тим, можете да ги идентификувате проблемите во вашата организација, да ги рангирате по важност и да ја креирате стратегијата со која сакате да го решите проблемот. Се препорачува детално разработување на плановите – како и со кои методи, ресурси и луѓе ќе го решавате проблемот и со која динамика ќе пристапите на процесот.
  2. Во втората фаза, како што кажува и името (Направи) го спроведувате во сила вашиот план. Ги следите упатствата и ги почитувате роковите зацртани за изведување на активностите. Многу е значајно да се регистрираат сите резултати кои се добиваат како резултат на спроведените активности.
  3. Третата фаза (Провери) претставува делот во кој ќе ги направите сите проверки и анализи на сработеното во втората фаза. Финансиските (квантитативни) и квалитативни проверки ќе ви покажат дали планираните цели се оствариле. Ако резултатите несе задоволувачки, препорачливо е циклусот да го вратите во Фаза 1 – на ново планирање.
  4. Во четвртата фаза (Делувај) – ќе извршите корективни мерки за дополнително подобрување на вашите процеси. Оваа фаза ја користите ако во третата фаза (Провери) сте забележале дека има одредени активности кои треба да се корегираат (кореткивни мерки).