Папата Францис не сака хомосексуалци

62

Папата Францис, како што пренесуваат повеќе светски медиуми, на затворена седница на своите кардинали им пренел дека не треба да се дозволи хомосексуалци да присуствуваат на семинарите во кои се држат обуки за идни свештени лица.

Според неименуваниот извор од овој состанок, во неговата дискусија, пренесена од угледните весници – Corriere della Sera и La Repubblica тој дополнил дека на овие семинари има премногу “frociaggine” – израз кој преведен од Италијански јазик би значел – “педерлук”.

Во 2005 година, Ватикан донесе одлука дека црквата не смее да дозволи ординација на хомосексуалци и на оние кои имаат изразени хомосексуални тенденции.

Токму Папата Францис, беше оној кој го смени овој закон и се претстави како свештено лице кое е поприфатливо за хомосексуалците. Во една прилика, на прашањето што е неговиот став за поповите хомосексуалци, тој изјави – “Кој сум јас да судам?”. Исто така, тој сметаше дека нема ништо лошо ако во неформална церемонија се даде благослов на двојки од ист пол. Па од тие причини оваа реакција е предмет на обработка на сите медиуми во моментов.

Реклама