01/12/2022
spot_img
домаАвто ВестиОвие гуми на Good Year траат пола милион километри

Овие гуми на Good Year траат пола милион километри

Неодамна претставениот на јавноста концепт Citroen Oli, носи специјално дизајнирани и направени гуми кои имаат потенцијал да траат половина милион километри.

Дали овие гуми на Goodyear со работно име – Eagle Co, ќе добијат и комерцијална верзија, во моментов можеме само да претпоставуваме, иако производителот најавува дека тоа е сосема можно и реално.

Да биде уште пофантастично, гумите се произведуваат од целосно рециклиран материјал, меѓу кои се наведуваат и сончогледово масло, смола од борово дрво и природен Бразилски каучук, што значи дека гумите не се произведени од суровини изведени од нафта.

Целта која Goodyear и Citroen ја имале во проектирањето на овие гуми е – да се намали отпорот на тркалање, што ќе предизвика и помала потрошувачка на енергија.

Во Goodyear велат дека овие гуми ќе се вградуваат во сите возила до 2027 година, а претставуваат значаен чекор кон компаниското напуштање на производи создадени од суровини кои потекнуваат од нафтата.

претходниот член,
Следната статија
- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...