Oтворена постапка против Кока Кола

27
Фото - Freepik

Европската Комисија објави дека е започната прелиминарна истражна постапка против Coca-Cola Co. базирана на сомнежи за прекршување на антитрустните (антимонополски) закони на Унијата.

Портпаролката на Комисијата потврди дека се испратени прашалници до Кока Кола, од чии одговори ќе зависи понатамошниот тек на истрагата.

Претставникот на Coca-Cola Co., пак, ја потврди информацијата, потенцирајќи дека во моментот, додека трае истрагата, нема да даваат дополнителни информации, дека целосно ќе соработуваат со Комисијата и дека целосно ги почитуваат Европските закони.

Претходно, големите ланци на супермаркети Carrefour, Ikea, Metro и Tesco, преку своjata лоби група EuroCommerce ја пратија информацијата дека големите мултинационални производители, ја користат својата моќ и позиција на “производи кои мора да ги имате во маркетот” за да ја ограничат другата конкуренција.

Веројатно на тоа се должи и најновата истрага на Комисијата.