Основачот на компанијата Nikola Corp. одговорна за лансирањето на камионите на електричен и водороден погон, Tревор Милтон, беше и официјално обвинет за измама од страна на Американскиот Суд.
Според одлуката на судот, Милтон ги измамил инвеститорите во неговата компанија, давајќи им неточни информации за технологијата која се употребува во камионите.
Човекот кој своевремено и самиот се именуваше како новиот Елон Маск во сферата на камионите, во дел од своите интервјуа на социјалните мрежи тврдел дека неговите електрични камиони се целосно изведени “од нула”, како и дека компанијата самостојно произведува батерии за електричен погон.

Подоцна, се испостави дека компанијата, практично ги набавувала батериите од друг добавувач.
Судот донесе одлука дека Милтон овие изјави ги давал сакајќи вештачки и по пат на измама да привлече инвеститори и да ја зголеми вредноста на акциите.
Инаку, Тревор Милтон, ја напушти компанијата Nikola во Септември 2020 година, поради серија на погрешни деловни чекори, но и едно обвинување за сексуален напад, кое тој целосно го отфрла како неточно.
Дали ова ќе влијае на договорот од околу 2 милијарди долари, со кој General Motors најави зедничка инвестиција со Nikola во производството на електричен пик ап камионет, останува да видиме.
