Opel ја враќа ретро иконата Manta

57
Opel Manta GSe ElektroMOD

Дизајнерите и инжинерите на Оpel, ги почестија своите фанови со нова, модифицирана MOD икона од 70-те години.

Беше реплицирана легендарната Мanta, која пред повеќе од 50 години беше произведена како спортски модел со бензински мотор со четири цилиндри.

Новата Manta која и беше презентирана на јавноста, како и што можеше да се очекува е придвижувана со електричен мотор со моќност од 108 kW/147 коњски сили, а целосното име на моделот е Opel Manta GSe ElektroMOD.

Opel Manta GSe ElektroMOD

МОD, претставува кратенка за промена, модификација, но и модерен одржлив живот.

Литиум јонската батерија има капацитет од 31 kWh, и ранг од околу 200 километри со едно полнење. На трофазен полнач, батеријата целосно треба да се наполни за 4 часа.

Opel Manta GSe ElektroMOD

Во внатрешноста е веќе дизајнираниот Opel Vizor кој оди во стандардна изведба на новата Mokka и Crossland.

Класичните кружни инструменти веќе се историја кај Opel. Оваа задача сега ја врши новиот, широк, Opel Pure Panel, кој веќе се вградува и во новата Mokka.