Новите згради во Велика Британија мора да имаат полначи за струја

81

Од следната, 2022 година, новите згради и домови во Британија, ќе мора да имаат задолжително вградени полначи за струја за електричните автомобили.

Оваа одлука ќе биде вградена во новите закони за градба, а деталите за тоа ќе ги обелодени лично Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Новиот закон ќе ги опфаќа зградите, новите домови, супермаркетите и инфраструктурните објекти со повеќе од 10 паркинг места.

Ваквата одлука се очекува да донесе нови 145.000 полначи на струја годишно, што треба да го реши главниот ограничувачки фактор за понатамошен прогрес на електричните возила во Велика Британија (слабата инфраструктура на полначи за струја).