Новиот VIP лаунџ на Lamborghini во Њујорк

124

Во автомобилската индустрија во која клиентите најчесто ги носат своите одлуки за купување водени од емоциите (не секогаш врз база на рационалното расудување) можете да ги најдете најдобрите примери за врвен маркетинг, вмрежен со врвна услуга за клиентите.

Еден типичен пример за тоа како да ги освоите и постојано држите на највисоко ниво емоциите на своите клиенти е и новиот VIP лаунџ центар на Lamborghini во Њујорк.

Во овој супер луксузен VIP лаунџ на Lamborghini сместен во Менхетн, ЊуЈорк, можете да влезете и уживате само со покана.

На два спрата и околу 500 метри квадратни, пробраните ќе можат да уживаат и да ги видат најновите и непоикажани автомобили на Lamborghini, да уживаат во Италијанската кујна и кафе.

Пријателите на Италијанскиот бренд на ова место ќе може да организираат приватни и деловни состаноци и презентации.

Внатре, речиси се’ е автентично и Италијанско, од луксузниот мебел, до менито во кујната. При посетата на центарот имате можност и самостојно да го дизајнирате вашето Lambo.

Првиот модел кој ќе биде изложен премиерно во новиот лаунџ простор е Huracán Super Trofeo Omologata (STO) со 630 коњски сили.

На располагање на посетителите им стои и консиерж, кој ќе се погрижи искуството да биде уште понезаборавно.