Новиот часовник на Girard-Perregaux и Aston Martin

68

Во светот на часовникарството, двата супербренда Girard-Perregaux и Aston Martin, го лансираа новиот часовник во лимитирана серија од само 18 примероци по цена од 146.000 долари.

Новиот Турбилион часовник со три летечки моста, е првиот часовник кој се раѓа по склученото партнерство меѓу технолошките џинови.

Трите летечки моста, заштитен знак на Girard-Perregaux, се гледаат од двете страни на часовникот и изгледаат како да лебдат, додека низ кристалното тело може да се види и целиот механизам.

Официјалното партнерство на Girard-Perregaux со Aston Martin беше објавено овој февруари, а ова е и првиот официјален Астон Мартин часовник, кој има титаниумско хипоалргенско куќиште од 44 мм.