Во палетата на резервни делови на BOSCH значајно место заземаат и бришачите.
Bosch произведува бришачи како оригинална опрема (првовградување во моторните возила) но и во таканаречениот – афтермаркет (оригинални, но заменски делови).
Бришачите на Bosch неодамна добија и нова верзија. Познатите метлици Aerotwin добија нов AeroClip адаптер, кој остварува аеродинамична врска помеѓу метлицата и држачот на метлицата. Новата спојка создава поголем притисок на метлицата (гумената површина) врз стаклото и ги намалува воздушните џебови поради кои бришењето на стаклото не е идеално.
Новиот бришач има и Power Protection Plus (PPP), која му дава подобри перформанси на бришачот и подолг животен век. Подобрените перформанси главно се должат на специјалниот адитив кој гумената површина на метлицата ја прави поотпорна на абење (трошење) и на надворешни влијанија.
Најновата комбинација на Bosch Aerotwin метлици со AeroClip aдаптер, веќе се користат во првовградување кај голем број на возила, а расте нивната популарност, достапност и продажба во каналите на афтермаркетот (продавници, независни сервисери…)