Новиот Аватар предизвикува депресија

55

Во светските медиуми се почесто се зборува за новата психолошка состојба – PADS.

Ако не сте слушнале за неа, не грижете се… тоа не е нова заразна болест, туку кратенка од зборовите – Post Avatar Depression Syndrom (Синдром на депресија по одгледан Аватар).

За што всушност се работи?

Како што пишува угледниот Guаrdian, читателот Сиан напишал писмо до уредниците во кое вели дека откако го изгледал првиот, а особено и по вториот дел на Avatar (Патот на водата) тој започнал да чувствува силна депресија. Депресијата се родила откако Сиан ја видел прекрасната бајковите планета Пандора и начинот на кој нејзиното домородно население – Нави го живееле својот живот, во тесна врска со природата и другиот жив свет. Во неколку моменти депресијата била толку силна и го делела чекори од тоа да изврши самоубиство, надевајќи се дека можеби по смртта ќе се пробуди во некој нов свет, налик на Пандора.

Овој пост за ислучително кратко време добил многу следбеници и коментари, од луѓе кои ги почувствувале истите симптоми.

Тага, депресија, чувство на загриженост… се вообичаените симптоми кои се јавуваат кај дел од луѓето кои го гледале филмот.

Колку сме неверојатно оттуѓени од природата, колку пулсираме надвор од ритамот на планетата и останатиот жив свет, колку грозен ни е денешниот животен стил… колку сме грозни ние луѓето..

Дали сме навистина на само чекор од тоа да ја уништиме планетата и нашата цивилизација…?

И иако сеуште PADS не е признаена медицинска состојба, таа е навистина реална и со неа се соочуваат илјадници луѓе на планетата…

Што мислите вие за тоа?