Aко вашата пасија е авантуристички да излезете надвор од асфалтот и да го добиете вашето адреналинско полнење со брзо возење во непроодни терени со ATV (All Terrain Vehicle)… очекувајте ја возбудата од новиот модел на Polaris.
Новиот 2022 General XP 1000 Trailhead Edition на Polaris, може да го порачате со две или со четири седишта.
Четиритактниот мотор со твин цилиндри вграден во новата генерација на General XP, спарен со автоматски менувач може да испорача моќност од 100 коњски сили.

Со крампонските Pro Armor Crawler XG гуми на 3о инчните тркала, новиот Polaris лесно ќе се пробива низ секоја шума.
Во возењето нема никако да се загубите, затоа што вашиот ATV го следи Ride Command GPS системот.
Моделот во верзијата со две седишта можете да го добиете по цена од 26.699 долари.
