05/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиНовата блиндирана S класа

Новата блиндирана S класа

Црната Германска мачка, со блиндиран оклоп е моментно најпосакуваниот автомобил за превоз на државни претставници и странски делегати.

Луксузната S-Class на Mercedes Benz која го носи името S680 Guard, гарантира безбедно возење, дури и при терористички напад со дожд од куршуми и рачни бомби.

Новата лимузина на Mercedes доаѓа со VPAM VR10 сертификат (највисока можна антибалистичка заштита), што значи дека оваа тврдина на тркала би можела да издржи директен напад од автоматска пушка и детонација на две рачни гранати.

Фото – Mercedes Benz

S класата е масивна, тежи околу 5 тони, нејзините стакла се направени од повеќеслоен поликарбонат со дебелина од околу 4 инчи (околу 10 сантиметри), а возилото има и погон на сите тркала.

Гумите се Michelin PAX run-flat технологија, што му овозможува на возилото да продолжи да се движи повеќе од 30 километри, со дупната гума.

Што се однесува до моторот, овој ѕвер на тркала носи twin-turbo 6.0-литарски V-12 мотор, а максималната брзина, имајќи ја предвид тежината, е дефинирана на околу 190 километри на час, што во комбинација со заштитниот систем е сосема доволно за да се избегне терористички напад или атентат.

Моторот е спарен со девет степен автоматски менувач, а на специфичната тежина се прилагодени и суспензијата и управувањето.

Фотo – Mercedes-Benz

Официјалните податоци велат дека комфорот и луксузот во внатрешноста се исти како во новата луксузна S класа, иако, поради јасни причини, во ентериерот нема сончев кров.

Фото – Mercedes-Benz S 680 GUARD 4MATIC

Цената на овој автомобил е околу 547.000 евра.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...