Нова закана. Азиски стршлени.

85

Европските медиуми, засилено пишуваат за новата опасност од која треба сериозно да стравуваме, а тоа е наездата на Азиските стршлени.

Зошто се овие стршлени, кои најверојатно потекнуваат од Кина, опасни за Европскиот континент?

Како што пишува угледниот Guardian :

  • Aзиските стршлени се главно месојадни.
  • Се хранат со други летечки инсекти.
  • Еден стршлен може да убие и изеде до 50 пчели работнички во текот на денот.
  • Еден Азиски стршлен може да изеде до 11,3 кг инсекти секое лето.
  • Едно гнездо на стршлени е прилично големо и може да содржи до 8.000 единки.
  • Проценките велат дека популацијата на пчели во Португалија, на одредени места е намалена за 50%. Во Франција, пак, околу 29% од морталитетот на пчелите се припишува на стршлените.
  • Покрај директното ништење на пчелите, голем број од пчелите се парализираат од страв, бидејќи стршлените лебдат околу кошниците со мед и ги ловат пчелите работнички кои излегуваат од нив. Во таква состојба, тие не можат да одат во својата дневна рутина и да соберат доволно полен, од кого би имале доволно храна во зимски услови. А тоа, секако , предизвикува изумирање на цели популации на пчели.

Секако, постои реална опасност по животот на луѓето. Веќе се пријавени неколку случаи на смрт, предизвикана од алергиски реакции на повеќекратни убоди од стршлен.

Она што е јасно, тоа е дека економскиот импакт ќе биде сериозен. Особено поради фактот што Азиските стршлени се нов вид во Европа.

Се претпоставува дека првата матица пристигнала со Кинески брод во Бордо, Франција во 2004 година. Таа се парела со повеќе мажјаци и кога излегла во пристаништето во Бордо, направила гнездо од кое се излезени 500 нови матици (кралици) кои понатаму ја формираат својата колонија. Во првиот потег, стршлените останалево Франција, но потоа, преку автомобилите кои се превезуваат со фериботи, мигрираат и во другите европски земји, каде ги формираат своите токсични семејства кои брзо се шират и ги уништуваат другите инсекти.

Според тоа, од овие летечки насилници, може да се очекуваат сериозни последици и по биодиверзитетот. Особено имајќи го фактот, дека во Европа ионака инсектите се повеќе се ништат, од најразлични фактори и последици.

Реклама