01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиНова стимулација за автобусите на струја во Лондон

Нова стимулација за автобусите на струја во Лондон

Во престолнината на Велика Британија – Лондон, се прават сериозни чекори кон комплетна електрификација на градскиот превоз. Големата компанија Zenobe Energy, обезбедила кредит од 20 милиони фунти со кои ќе се исфинансира набавката на батерии, доволни за напојување на околу 100 градски автобуси во државна и приватна сопственост во Велика Британија.

Со овој проект, сопственик на батериите ќе биде корпорацијата Zenobe, која на автобуските оператори ќе им ги изнајмува (дава на лизинг) батериите. Притоа, таа ќе се грижи и за одржување и развој на инфраструктурата за полнење на батериите, а преку ноќ ќе прави и дополнување на испразнетите батерии.

На тој начин, се очекува дополнително да се стимулира развојот на започнатиот процес на електрификација на градскиот превоз. Операторите на автобусите ќе ја поседуваат шасијата, а за батериите, сложената инфраструктура за полнење на батериите ќе се грижи енергетскиот гигант Zanobe. Со таа поделба на товарот на инвестицијата, се очекува да се олесни и забрза обновата на автобуските флоти на операторите со нови, електрични автобуси.

Британските оператори на автобуси се обврзаа од 2025 година, да купуваат само електрични автобуси.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...