Нова Opel Frontera

109

Водечките луѓе во Германскиот бренд Opel (дел од Групацијата Stellantis), решија да го заменат од својта палета мини SUV моделот – Crossland, кој беше лансиран пред неколку години.

Замената ќе го носи легендарното име Opel Frontera.

Малата Frontera ќе биде достапна и во целосно електрична верзија, како и со 48 волтен мајлд хибриден агрегат.

Таа би требало да биде изведена на смарт платформата на која се надградени Citroen C3, Citroen C3 Aircross кои беа развиени првенствено за пазарите во Индија и Јужна Африка, како и на платформата на која ќе стои наследникот на Fiat Panda.

Нема многу детали за новата Frontera, но она што може да се претпостави е дека Frontera ќе биде ценовно позиционирана под малку поголемата и поспортска Mokkaи ќе биде своевиден одговор на Stellantis на приливот на SUV модели од Кина.

Реклама