01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиНова генерација машини за менување масло на автоматски менувачи

Нова генерација машини за менување масло на автоматски менувачи

Професионалната компанија за масла ја претставува последната генерација на успешното решение за сервисни работилници – Gear Tronic III

Пред само неколку години, промената на масло во автоматските менувачи беше долготрајна и комплицирана постапка. Со Gear Tronic, германскиот специјалист заз масла и адитиви  LIQUI MOLY им отвори пат на работилниците за изведување на потполно автоматска промена на масло за менувачи. Како последна генерација, Gear Tronic III ја прави оваа работа уште поефикасна.

Уделот на возила со автоматски менувач расте во целиот свет. Дури и во земјите во кои мануелното менување брзини беше многу распространето, тоа полека оди во пад. И како што расте популарноста на концептот на автоматските менувачи, расте и потребата за негово сервисирање. Експертите на германскиот автомобилистички клуб  ADAC препорачуваат промена на маслото, вклучувајќи го и миењето на секои 100.000 километри. “Токму поради тоа го развивме и континуирано оптимизиравме концептот Gear Tronic за сервиси”вели, David Kaiser. Водител на одделот за истражување и развој во LIQUI MOLY.

Новиот Gear Tronic III уред блеска со бројни подобрувања во споредба со неговиот претходник : Робусниот 7-инчен екран во боја чувствителен на допир дава подобра прегледност. Тука се и упатствата за работа, вклучените адаптери и слики од пракса на приклучоците на возила. David Kaiser: “Комплетната база на податоци за повеќе од 2000 модели на возила и сите информации сега се точно на уредот. Дополнителните носачи на пдатоци и пријавувањето на други системи, веќе се работа од минатото. ” Тоа ја поедноставува работата.

Вмрежувањето нуди и други предности: Сервисните податоци може да се пратат директно на компјутер или на е-маил адресата преку WiFi. Во иднина на системот ќе се вршат и редовни и бесплатниа журирања.

Оптимизиран е не само протокот на податоци, туку и протокот на масло : садот за складирање е зголемен на капацитет од 4,6 литри, а одводот е проширен.

По изгледот, третата генерација јасно отскокнува од втората генерација. Сивото стана црно. “Тоа го прави полесно за одржување ”, вели Давид Каизер.  „Црната, исто така е боја на нашиот асортиман на Pro-Line производи за професионални корисници. Тоа значи дека новиот уред совршено се вклопува во сликата.”

LIQUI MOLY го лансираше  Gear Tronic воТри години подоцна уследи и втората верзија на уредот – двата бестселери. Во светот се во употреба неколку илјади единици.  “Toа нее изненадување бидејќи работилниците може да го користат за проширување на својот распон на услуги и со замена на масла за автоматски менувачи,” вели водачот на развојот во LIQUI MOLY.

“Купувањето брзо ќе ви се исплати”, вели David Kaiser. “Бидејќи, како и промената на моторно масло, важна е и промената на масло во менувачот. Во спротивно постои опасност од тешко менување брзини и забрзазно абење. Ако не се изврши промената на време, нечистотиите и металните струготини кои се содржат во маслото може да предизвикаат скапи механички оштетувања на мехатрониката и делот на менувачот.”

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...