05/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиАвто екологијаНова BRT линија пуштена во функција во Римини

Нова BRT линија пуштена во функција во Римини

Италијанските туристички центри Римини и Ричоне, се поврзаа со нова тролејбусна BRТ линија.

Проектот е сличен на проектот на актуелниот градоначелник Шилегов, за кој се потпиша кредит во вредност од 70 милиони евра. Веќе пишувавме на таа тема на следниот линк.

Проектот за BRT тролејбусот во Римини се протега на линија која има должина од 9,767 километри (една од предвидените BRT линии во Скопје е со речиси идентична должина од 10 километри).

Патеката на која се поставени 15 станици, и која ги поврзува Римини и Ричоне е резервирана само за тролејбусите (слично како во Скопје) и истата беше промовирана во Ноември 2019 година. Но своето официјално лансирање го доживува сега, две години по изработената инфраструктура, затоа што во наведениов период се изработувани и тестирани специјалните тролејбуси на Van Hool.

Лансирањето на новата BRT линија доаѓа на стогодишнината од лансирањето на првата трамвајската линија (линија 11) во Римини…

Да! Добро прочитавте! Во малото туристичко место на Јадранскиот брег во Италија, трамвај оперирал во 1921 година!

Денес, на линијата започнуваат да оперираат 9 тролејбуси – Exqui.city, со должина од 18,6 метри, произведени во Van Hool (компанија која свој производствен погон за автобуси има и во нашата земја).

Разликата со нашиот проект е што овие тролејбуси оперираат на струја (не на природен гас – CNG). Имаат по две литиум титаниумски батерии со капацитет од 49 kWh.

Во тролејбусот има место за седење за 37 патници, а вкупниот капацитет е 150 патници, две места за инвалидски колички и позиции за патници кои со себе носат и велосипед.

Според возниот ред, од 7 часот наутро до 21 часот, тролејбусите ќе оперираат и проаѓаат на станиците на секои 15 минути, а во помалку фреквентните периоди движењето ќе биде во интервали од 30 минути.

На промоцијата, наведената траса од 9,7 километри била помината за време од 23 минути.

Според расположливите информации, инфраструктурното прилагодување на линијата за новите тролејбуси чинело 49 милиони евра, а вкупната инвестиција заедно со тролејбусите на Van Hool е околу 92 милиони евра.

Анализирајќи ги овие податоци, некако логично ни се наметнуваат прашањата – ако целава инвестиција во Италија со електрични тролејбуси за патека од 9,7 километри чинела 92 милиони евра, дали нашето задолжување од 70 милиони евра – е предвидено за вкупната инвестиција (патеки, станици, автобуси на CNG…). Или тој износ допрва ќе се пумпа со анекси (за непредвидени трошоци, дислоцирање на зеленилото, дислоцирање на водоводна и електрична инсталација под асфалтот)…? Што мислите Вие?

Следејќи го настанот во Римини, се потсетивме и на нашиот напис во кој го дадовме нашето мислење за начинот на кој сметаме дека треба да се развива градскиот сообраќај во нашиот град, а тоа можете да го прочитате на следниот линк.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...