Дали BMW започнува да се развива и во производство на моторцикли и скутери на батерии?
Неодамна, германскиот бренд објави два моторцикли на електрична енергија со кои можете спокојно да се движите во урбаниот метеж.
Првиот од промовираните, е концептот Dynamic Cargo. трицикл со кој можете да ги носите купените намирници од супермаркет, да го превезувате и вашето дете, а да превезувате и помал товар на местото наменето за тоа.

Концептот има големо тркало напред и две помошни и помали по димензија тркала одзади, со што се постигнува поголема стабилност при возењето. Електрифицираното подвозје автоматски се активира кога ќе згазнете на педалата за возење.

Вториот пак, модел, го носи имет Сlever Commute и тој е наменет за професионалците и бизнисмени кои сакаат да се движат низ градот флексибилно, без притоа воопшто да ја загадуваат средината.

Главната предност кај него е што се склопува, а кога ќе се склопи, можете да го спакувате во мал багажник од вашето возило, или да го земете под рака кога влегувате во автобус.

Засега BMW нема да ги произведува овие концептни модели, но официјалните лица велат дека се во потрага и разговори со лиценцни партнери ои би ги произведувале овие два мотори сериски.
