Нов тренинг во Скопје – Како да обезбедите врвна услуга за вашите клиенти.

682

GBB Training Club од Скопје, кој веќе организираше неколку одлични бизнис семинари во Скопје, го закажа својот нов, интерактивен тренинг, по лиценца од Американскиот бизнис гуру – Лиса Форд, еден од најзначајните светски консултанти, експерти и предавачи, со 20 годишно искуство во работата со многу компании и владини институции..

Под работно име – “Како да обезбедите врвна услуга за вашите клиенти”, тренингот ќе се одржи на 20.03.2023 година во Хотелот – Double Tree by Hilton во Скопје.

Програмата креирана во соработка со г-ѓа Форд е составена од 8 модули со времетраење по околу четириесет минути (во кои ги следите видео материјалите на Lisa Ford) по што се прави своевидна рекапитулација на кажаното од лиценцираниот модератор од GBB Training Club.

  • Што е Врвна услуга?
  • Зошто е апсолутно неопходно да обезбедите врвна услуга?
  • Како врвната услуга ќе се одрази на вашиот профит и деловен успех?
  • Како да изградите и стимулирате корпоративна култура на врвна услуга?

…се само дел од темите на кои ќе можете да го најдете одговорот на тренингот во Скопје.

Комбинацијата на видео материјали и водењето низ темата од страна на модераторот на GBB Training Club, претставува уникатна можност, со скромна инвестиција да го следите предавањето на еден од најголемите светски умови од областа на бизнисот и да научите многу корисни работи веднаш применливи во вашата организација.

Во продолжение, погледнете го исечокот со кој луѓето во ГББ го промовираат овој тренинг :

Добрата услуга веќе не е доволна. Бидете врвни. Воодушевете ги вашите клиенти

Сте се запрашале ли некогаш како може цела организација да се вклучи во процесот, и да јаде, сонува, дише и живее за услугата која се дава на клиентите особено во време кога културниот настап, дополнителниот напор и емпатијата се во недостаток во светот? Дали сте се запрашале како компаниите доаѓаат до идеи кои ги претвараат нивните клиенти во (неплатени!) амбасадори за нивните производи?

Лиса Форд, врвниот експерт за услуга за клиентите и нашите модератори, ќе ви помогнат да ги восхитите вашите клиенти, надминете нивните очекувања и да изградите максимална лојалност. На тренингот ќе можете да ги следите видео советите на Лиса Форд во нејзината работа и презентациите одржувани во најголемите компании во Соединетите Американски Држави. Ќе добиете огромен бенефит од искуството од прва рака на Лиса Форд, која ќе ви помогне да разберете што функционира а што не во денешната сервисна арена.

Мудроста и советите на Лиса Форд им помогнале на многу светски компании да обезбедат драматично подобрување на квалитетот на услугата. Сега, таа можност ја имате и вие преку лиценцираната тренинг програма – How to Give Exceptional Customer Service.

Ова ќе им овозможи и на вашите работници да се инволвираат во својата работа наместо да се чувствуваат како да се заменети од страна на технологијата.

Тренинзите се одржуваат во мали, компактни групи, а предвидени се и – печатен материјал, сертификати за присуство и лесен ручек за време на тренингот.

Како и останатите настани во организација на GBB Training Club (дивизија во рамки на компанијата ГББ дооел Скопје) посетителите имаат можност и да се запознаат, дружат и разменат мислења и ставови со претставниците од други компании, присутни во Хотелот Hilton.

Вашето место на тренингот можете да го резервирате на тел. 071 30 777 8

Повеќе за закажаниот тренинг, можете да најдете на следниот линк.