Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer во чест на својот јубилеј – 160 години постоење, ја лансираше својата втора серија на часовници со лимитирана едиција од само 1.000 парчиња.
Се работи за новиот модел – Carrera 160 Years Montreal Limited Edition, чие име и дизајн потекнуваат од часовникот познат под името Montreal, кој се произведувал од 1972 до 1983 година. Се работи за автоматик и хронограф од серијата рејсинг на TAG HEUER.
Новиот часовник ги комбинира основните карактеристики на легендарниот Монтреал, комбиниран со популарната Carrera.

Телото на часовникот има кружна форма, направено е од полиран челик, со дијаметар од 39 мм. Придвижуван е од TAG Heuer caliber Heuer 02 automatic in-house movement, со 168 компоненти со резерва на енергија од 80 часа.
Часовникот е комплетиран со ремен од сина алигаторска кожа и специјално, јубилејно пакување.
Лимитираната Carrera 160 Years Montreal Limited Edition, можете да ја погледнете и купите на официјалниот сајт на ТАG HEUER по цена од 6.400 евра.
