Нов лап топ без монитор

116

Ветераните од компаниите Apple, Microsoft и Magic Leap, по речиси двегодишен развој го лансираа новиот лап топ без монитор (екран).

Компанијата Sightful го претстави својот лап топ Spacetop G1 кој чини околу 1.750 евра, и со кој наместо дисплеј и екран како кај конвенциналните лап топи, добивате наочари за проширена реалност.

Наместо екран наочарите имаат OLED дисплеи со резолуција 1920 x 1080, на кои се добива огромен визуелен простор од околу 100 инчи.

Лаптомот доаѓа со 16 GB RAM и простор за складирање на податоци од 128 GB.

Реклама