Нов Дизел скандал! Овојпат во Мercedes

246

Според сите расположиви информации, нов дизел скандал ја тресе Германија, овојпат во Меrcedes Benz.

Регионалниот Висок Суд во Штутгарт констатирал дека во дел од возилата на Германскиот производител со дизел агрегати биле инсталирани посебни недозволени уреди, кои ги лажираат вредностите на емисијата на издувните гасови (исто како што беше случајот со Дизелгејт аферата на Volkswagen Group).

Судот ја донел оваа одлука одлучувајќи по тужбената постапка повлечена од голема група на конзументи (околу 2.800 клиенти) кои се чувствуваат измамени од производителот на автомобили.

Ако оваа судска одлука се имплементира, клиентите ќе може да бараат оштета во вкупниот износ на продажниот договор, да бараат решавање на проблемот со уредите за мамење на издувната емисија или да побараат одредена сума на пари како компензација еквивалентна на загубата на вредностa на автомобилот, предизвикана од уредите за лажирање (како ли ова ќе успеат да го искалкулираат?).

Сеуште не е точно дефинирано колку автомобили се засегнати од овој проблем и не се направени анализи за тоа колкава оштета ќе треба да плати фабриката од Штутгарт, но се’ поизвесно е дека пенали ќе има.

Судот дополнително констатирал дека не постојат валидни докази дека членовите на Управниот Одбор на Мерцедес, знаеле за оваа измама.

Од Мерцедес изјавија дека ваквата одлука ќе ја обжалат во Федералниот Суд, бидејќи сметаат дека донесената пресуда е неоснована. Според нив, компанијата постапувајќи во склад со комплексната регулатива, превземала мерки кои во тоа време, не биле правени со свесна намера да се крши законот.

Реклама