НЛБ Тутунска Банка со нов директор

93

Во известување доставено до Македонската Берза, НЛБ Тутунска Банка, информираше дека извршила промена на Претседателот на Управниот Одбор.

Според информацијата, на ден 07.06.2024 година, Г-дин Бранко Грегановиќ, поднесе оставка од функцијата Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Воедно, НЛБ Банка АД Скопје известува дека Надзорниот одбор на банката со одлука донесена на 131-вата седница, одржана на 10 Јуни 2024 година, го именуваше г- дин Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на банката, која одлука ќе влезе во сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именувањето на нов Претседател на Управен одбор на Банката, г-дин Бранко Грегановиќ ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Реклама