“Ненадејна смрт” – како последица од вакцините против Ковид 19?

21

На 21 Ноември, на Твитер и Рамбл беше објавен документарниот филм – “Ненадејно починат” – Died Suddenly кој за кратко време беше прегледан 12 милиони пати.

Бројката на гледачи секој ден се зголемува.

Темата е самата по себе – застрашувачка и лесно ги привлекува сите загрижени луѓе кои за време на пандемијата ја примија вакцината против Ковид 19, a таа бројка се движи околу 5 милијарди луѓе.

Според авторот на документарецот, кој веќе е идентификуван од естаблишментот како анти-ваксер, ширач на лажни вести и теории за заговор, во последните неколку месеци е забележан огромен пораст на ненадејни смртни случаи, особено кај младите, како и кај лица кои немале никакви медицински проблеми, вклучувајќи и голем број на војници и врвни спортисти кои ненадејно колабираат на теренот и го губат својот живот.

Во филмот се наведува и еден податок (непотврден од Американскиот центар за контрола на болестите) дека во Америка е забележана фрапантна бројка од 118.000 деца и млади како последица од компликации со вакцините, а осигурителните компании констатираат ненормален пораст на смртните случаи од различни причини.

Преку изјави на неколку медицински лица, кај луѓето кои примиле вакцина во последно време се забележува огромен број на срцеви и мозочни уреди, кои главно настануваат како резултат на за нив необјасниви и непознати случаи на затнување на вените и капиларите. Во филмот се прикажани и неколку морничави снимки, во кои се прави аутопсија на починати лица, при што од вените и артериите се извлекуваат абнормални ткива (погледнете ја сликата погоре) кои ги предизвикуваат затнувањата на крвните садови…

Зошто луѓето ненадејно умираат? Зошто наеднаш добиваат удари, навидум здрави луѓе?

Метју Милер Скоу, објаснувањето на оваа застрашувачка ситуација, ја бара во познатата теорија за заговор, според која со Ковид вакцините е направено злосторство против човештвото и систематски инжинеринг за постепено намалување на популацијата.