Нашиот Иџе, повторно шампион

11

Нашиот најдобар тркач, Игор Стефановски Иџе, ја освои третата шампионска титула во Меѓународните трки на ридски патеки.

На последната трка во Бузет, следен со овации од домашните, но и од караванот на македонски фанови, Иџе со маестрално возење ја повтори титулата (претходно, тој беше европски шампион на ридски патеки во 2014 и 2015 година).

Со тоа, уште еднаш покажа дека направил одличен избор што се врати во ова реномирано европско натпреварување минатата година.

По завршување на последната трка, како во најдобрите години од минатото Иџе, повторно со факел во раката и со гордо развиорено македонско знаме ја прослави новата титула, за себе и за својот народ.

Капата долу… Шампионе!