Народната Банка, со осврт на економските параметри во Македонија

44

Извршниот Одбор на Народна Банка, на својата седница ги констатираше следните состојби во економската сфера во нашата земја.

  • Тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно.
  • Инфлацијата во мај 2024 година умерено забрза и изнесува 4,5% на годишно ниво. Сепак, динамиката на инфлацијата во мај не отстапува од патеката на движење предвидена во рамките на пролетните проекции на Народната банка. Според овие проекции, за целата 2024 година се очекува просечна инфлација од 3,5%.
  • Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.293,6 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута.
  • Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза, во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекувањата. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2% на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа.
  • Во монетарниот сектор, според првичните податоците за мај 2024 година, депозитниот потенцијал на банките и натаму расте, слично на очекувањата, при малку посилен кредитен раст од проектираниот.
  • Општо земено, најновите остварувања кај макроекономските показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции, но условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни. Потребно е натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата, како и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и на пазарот на трудот.
Реклама