На ЕУ и се заканува зависност од Кина за ev батерии

14
Батерии

Според документите до кои дојде Ројтерс, на Самитот на Европската Унија што ќе се одржи на 05ти Октомври во Шпанија, ќе се разгледува студијата според која на земјите од Унијата до 2030 година им се заканува целосна зависност од Кина за литиум јонски батерии и горивни ќелии.

Според студијата, ако не се превземат итни мерки, како во случајот со Русија (од чии енергенси пред војната беа зависни речиси сите земји од Европската заедница) во случај на нестабилност или политички проблем со Кина се заканува опасност од сериозни потреси во индустријата.

Затоа, студијата посочува дека Унијата мора да бара алтернативни извори и решенија за овие суровини во Африка и Латинска Америка.