Кратенката CRM – доаѓа од зборовите Customer Relationship Management (превод : Менаџмент на односите со клиентите) и во денешно време е една од најзначајните алатки за секој бизнис што сака да остане витален и да си овозможи одржлив развој.
Новото време бара нови методи
Заврши времето кога клиентите сами доаѓаа во вашите продавници, бутици, сервисни работилници… а вашата и работата на вашите работници беше да одговорите на нивните барања и потреби.
Сега, клиентите мора да се бараат, привлекуваат, одржуваат среќни.
Во спротивно, ништо нема да ги одржи лојални на вашата организација.
Од тие причини врвната услуга е ЗАДОЛЖИТЕЛНА.
Но, дали како менаџери сте сигурни дека клиентите се задоволни од квалитето на вашите производи и услуги? Дали услугата што ја давате на пазарот е навистина ВРВНА?
Постојат многу алатки за мерење на задоволството на клиентите, како и за мотивирање на вашите вработени секогаш да останат фокусирани и да ја претвараат секоја интеракција со вашата компанија – ВРВНО ИСКУСТВО.
Што е CRM?
Една од алатките кои ќе ви помогнат да постигнете врвни резултати е и CRM-oт (системот за менаџирање на односите со клиентите).
Една од задачите на CRM е да ги чува, следи и анализира податоците за вашите клиенти и да иницира одредени акции насочени кон зголемување на продажбата и подобрување на задоволството на клиентите.
Податоците може да се чуваат на многу начини… зависно од големината на вашата организација (број на вработени, одделенија, локации). А малите компании може да почнат со обична ексел табела во која ќе ги регистрираат сите свои интеракции (јавувања, испратени е-маил пораки, понуди, регистрирани продажби, меморирани настани кои ќе се случат во иднина, а се битни за вас – бидејќи може да ви донесат нови продажби или едноставно позадоволни клиенти).
Но… во моментот кога вашата организација ќе порасне и веќе нема да бидете “човек за се'” време е да размислите за користење на некоја од многубројните и достапни CRM платформи.
CRM платформите овозможуваат да имате една централна станица (најчесто интернет облак – cloud) во кој ќе ги регистрирате сите поважни податоци за вашите потенцијални и реални клиенти. Во која пристап ќе имаат повеќе луѓе, повеќе одделенија и ќе се овозможи координиран настап за негување на постоечките клиенти и зголемување на нивното задоволство.

Каква CRM платформа ви треба, зависи највеќе од она што вие (како менаџер) но и останатите клиенти највеќе ви треба. Дали сакате повеќе анализа, или главно го избирате системот за интернет и B2B или B2C маркетинг…
Но каков и да е, CRM системот има неколку есенцијални функции :
- Да ги регистрира контактите на вашите клиенти. Тој во суштина служи како електронски именик во кој ги имате регистрирано податоците на вашите клиенти (име, презиме, телефон, е-mail адреса, адреса…) На овој начин, во иднина лесно можете да стапите во контакт со вашите реални или потенцијални клиенти. Обично системите ви даваат можност да ги класифицирате клиентите како Lead (препорачан потенцијален клиент), Customer (клиент) или Prospect (можен клиент).
- Да ви овозможи лесна комуникација со клиентите. Најчесто CRM платформи лесно се интегрираат со останатите комуникациски алатки, па во одреден период, кога било договорено ново јавување – можете да искомуницирате со вашиот клиент преку порака, е-mail, некоја од социјалните мрежи. Најчесто, CRM платформите имаат и календари и потсетници – кои автоматски ќе ве информираат за некој важен или однапред договорен настан со вашите клиенти. Можеби сте се договориле да се слушнете за 7 дена. CRM системот ќе ве потсети на седмиот ден дека оваа акција е закажана и треба да се случи.
- Да му овозможи на менаџментот подобра анализа на бизнисот и активноста на вработените. Покрај анализата, менаџерите следејќи го CRM системот може и активно да помогнат во заклучување на одредена продажба или подобрување на задоволството на клиентите.
Наша препорака
Но, за претприемничките мали бизниси, покрај решенијата на локалните софтверски куќи издвоивме неколку CRM платформи кои ги препорачуваме.
- Zoho. За околу 15 евра месечно, добивате одлична CRM платформа со многу опции и можности. Проверете на линкот.
- Salesforce. Еден од најкомплетните CRM софтвери. Се користи и кај големи корпорации. Линк.
- Monday.com Уште еден лесен за употреба CRM софтвер, кој ќе ви понуди многу повеќе вредност од цената која треба да ја издвоите намесечно ниво. Линк.
Било кое од предложените решенија е одлично за вашиот бизнис.
Искористете ја моќта на техноогијата во своја полза.