01/10/2022
spot_img
домаАвто бизнисНајдете експерти за вашето возило во Македонија

Најдете експерти за вашето возило во Македонија

Во нашата земја, се појави уште еден, добро осмислен и професионален директориум во кој можете брзо, лесно и едноставно да ги најдете најдобрите Авто Експерти во ваша близина.

Во мрежата на авто експерти, ќе најдете се што му треба на Вашето возило :

  • сервис за одржување, дијагностика и поправка на возилото,
  • сервис за лимарски поправки и фарбање,
  • електричарски сервис,
  • вулканизери,
  • станици за технички преглед и регистрација,
  • осигурителни компании и брокери,
  • авто салони за нови и користени возила,
  • финансиски институции за набавка на возилата (банки и лизинг куќи),
  • продавници за резервни делови и опрема…

Внимателно селектирана мрежа

Притоа, во полнењето на базата на податоци, се прави внимателна селекција и се вметнуваат само оние фирми кои имаат капацитети (инфраструктура, опрема, кадар и знаења) и традиција (историја) на квалитетно и професионално работење.

Во мрежата на авто експерти, ќе може да најдете се за вашето возило во Скопје, но и во другите градови во Републиката.

На страните и профилите на Авто експертие ќе може да ги најдете основните податоци, контакти, мислења и коментари на корисниците, но и бројни акции, кампањи и промоции за заштеда на вашиот буџет.

Клуб картичка

Дополнително, Auto Experts, подготвува и Клуб картичка, со која ќе можете во селекција на избрани експерти во авто дејноста, да добивате попусти, бенефиции, подароци…

Повеќе за Клуб картичката на следниот линк.

А се планира и лансирање на посебен продукт со кој клиентите ќе може да добијат и помош на пат и влечење на возилото во случај на неволја.

За таа цел, клиентите ќе добијат и специјално посветен контакт центар во кој ќе може во секој момент да побараат помош.

Фото – Freepik

Вмрежување на експертите, подобрување на квалитетот

Креаторот на оваа мрежа, ветува и сериозна поддршка за континуирано подобрување на професионалноста и можностите на своите партнери (сервиси, салони, станици за технички преглед) преку најнова опрема, софтвер, технологија, обуки, маркетинг и други поддршки.

Фото – canstock

Се работи интензивно на подигнување на нивото на квалитетот и услугите, во сите овие авто бизниси, кои ќе го носат заштитното лого на Auto Experts.

А ова е сосема логично, ако се земе предвид дека мрежата е организирана од компанијата ГББ дооел Скопје, која е овластен партнер на Autodata, Autodata Training, Bosch, Wabco Wurth, OMCN, Ravaglioli…

До сите експерти во автомобилскиот бизнис во нашата земја, веќе е пратен отворениот повик да се зачленат во мрежата, при што основниот членски пакет е и секогаш ќе биде бесплатен. Повеќе информации на следниот линк.

Поддршка и за правни лица

Компанијата наведува дека Мрежата на Авто експерти ќе биде достапна за физичките, но и правните лица.

За компаниите се подготвува понуда и за целосен (full fleet) сервис, со кој фирмите ќе може делумно или целосно да го аусорсираат менаџментот на нивните возни паркови.

А тоа опфаќа – набавка на нови или користени возила (со или без финансирање), услуги за менаџирање и водење на возилата (сервис, одржување, гуми, технички преглед, осигурување и регистрација), помош на пат, влечење во случај на неподвижно возило, заменски и рент-а-кар возила… Притоа, комплетната услуга е предвидено да се обезбеди на територијата на целата држава.

За поефикасно следење на економичноста и состојбата на возните паркови, менаџерите ќе имаат можност да добиваат и бројни извештаи и корисни репорти.

Фото – Canstock

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...