Mustang Shelby oд 1965 година продаден за 3,85 милиони долари!

41

Легендарниот модел Mustang Shelby GT350R, кој популарниот дизајнер на автомобили Керол Шелби го креираше специјално за тркачките патеки на аукција постигна цена од 3,85 милиони долари.

Автомобилот во 1966 година го возеше и врвниот возач Кен Мајлс на трката Ла Манс, кога за прв пат во тркачкиот свет беше разнишан неприкосновениот Ferrari.

Мустанг од 3,85 милиони долари

За ривалството помеѓу двата бренда беше снимен и филмот “Ford vs Ferrari” со Мат Дејмон и Кристијан Беил во главните улоги.