Motor Protect, го штити вашиот мотор

57

Еден од адитивите на LIQUI MOLY кој значително го намалува триењето и го продолжува животниот век на моторот

Кај современите мотори сè повеќе се настојува да се извлече максимална моќност на моторот, во што е можно помала работна зафатнина (кубни сантиметри). Како резултат на тоа, во моторот се создаваат сè поголеми притисоци и температури.

Во таа ситуација, настапува адитивот Motor Protect од LIQUI MOLY кој нуди одлична хемиска заштита на моторот.

Motor Protect е адитив кој на моторот му обезбедува сериозна заштита од абење (трошење). Адитивот создава многу тенок заштитен слој на сите точки во моторот кои се подложни на лизгање (а со тоа и на триење и трошење). Овој тенок заштитен слој е исклучително отпорен на висок притисок и гарантира сериозна и долгорочна (до 50.000 км) заштита на моторот.

Дополнително, Motor Protect гарантира и оптимална работа на моторот и помазно работење, како и други бенефити од намаленото абење и продолжениот сервисен интервал кај возилото.

Намаленото триење на моторните компоненти, секако, придонесува за сериозно намалување на потрошувачката на моторно масло и на гориво, поради што овој адитив се препорачува и кај оние масла кај кои се приметува невообичаена потрошувачка на масло и гориво.

Се додава на секои 50.000 км, а едно пакување на Motor Protect од 500 мл, е доволно за 5 литри моторно масло.

Одлични перформанси на интерните тестирања

На интерните тестирања во фабриката на LIQUI MOLY, адитивот Motor Protect додаден на конвенционалното моторно масло со градација SAE 5W-40 го намалува абењето за 10%, а коефициентот на триење се намалува до 20%!

Кај полусинтетичките масла, коефициентот на триење се намалил за фантастични 30%!

Реклама