01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиАвто екологијаMoсква повеќе нема да купува автобуси на дизел

Moсква повеќе нема да купува автобуси на дизел

Според градоначалникот на Москва руската метропола повеќе нема да купува дизел автобуси, освен за одредени специјални транспортни цели.

Во градот, до крајот на 2021 година активно ќе оперираат 1.000 автобуси на електричен погон, кои во минатите 2,5 години веќе поминале 40 милиони километри и превезле 90 милиони патници.

За да може да функционира градскиот превоз исклучиво на електричен погон, во градот, секоја година ќе бидат поставувани по 200 пункта за полнење на батериите.

Улогата на електричните автобуси во градскиот превоз е секако примарно насочена кон намалување на загадувањето. Според направената анализа на најголемиот државен оператор Мосготранс, само во 2020 година со користењето на електричните автобуси било намалено загадувањето на воздухот за 40 илјади тони.

Само еден дизел автобус, заменет со електричен, значи 60,7 тони помалку CO2 во атмосферата на годишно ниво.

Околу 40% од вкупната флота на електрични автобуси ќе се произведуваат во SVARZ, фабрика за автобуси во Москва во сопственост на Мосготранс (најголемиот државен превозник на патници во градскиот сообраќај).

Првите автобуси на електричен погон од SVARZ се веќе произведени и оперираат во Москва.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...